Зборче

Услови за користење

Последно ажурирано на: 1 септември 2026

Зборче е бесплатна игра со зборови на македонски јазик. Со користење на играта се согласуваш со овие услови. Ако не се согласуваш со нив, немој да ја користиш играта.

Играта е бесплатна

Зборче е бесплатно за играње и не наплаќаме за основната игра. Играта се нуди таква каква што е — не гарантираме дека ќе биде достапна во секое време, без прекини или без грешки. Може да ја смениме, привремено да ја прекинеме или да ја затвориме во секое време.

Правила на играта

За играта да остане фер за сите, не смееш:

Име на ранг-листата

Името што го избираш е јавно — го гледаат сите играчи на ранг-листата. Затоа не смее да содржи навреди, говор на омраза, вулгарности или лични податоци на друго лице, ниту да се преправаш дека си некој друг.

Го задржуваме правото да отстраниме или смениме име што ги крши овие правила, без претходно известување.

Твојата сметка

Сметката ти овозможува статистиката да ти се чува на сите уреди. Можеш да се регистрираш со адреса за е-пошта или да се најавиш преку Google.

Чувај ја лозинката за себе и не споделувај ја со никого. Ти си одговорен/на за се што се случува преку твојата сметка. Ако забележиш дека некој друг ѝ пристапил, јави ни се веднаш.

Го задржуваме правото да ја ограничиме или избришеме сметката и резултатите на секој што ги крши овие услови.

Можеш сам/а да ја избришеш својата сметка во секое време — упатството е во делот Бришење на податоците.

Содржина и права

Името Зборче, логото, дизајнот и кодот на играта се наша сопственост. Не смееш да ги копираш, менуваш или да ги користиш за друга услуга без наша дозвола.

Своите резултати слободно сподели ги — тоа е дел од играта.

Промени на условите

Може да ги смениме овие услови. Ако направиме значајна промена, ќе го смениме датумот на почетокот на страницава. Ако продолжиш да играш, ги прифаќаш новите услови.

Право и контакт

За овие услови се применува правото на Република Северна Македонија.

За прашања или барања пиши ни на kontakt@zborche.mk.